Баба Драгица од Кочани: Си легнувам и гладна, ама не сакам од туѓ дом да ме изнесат кога ќе ми дојде судниот ден
Баба Драгица има судбина која може да испише еден животен роман. Иако можеби по години и не е многу стара, за себе ќе рече дека е многу изнаработена и изнемоштена. Од 10 години работела аргатка по ниви и месела леб за да го издржи семејството. Зад себе има два неуспешни брака. Од првиот го има можеби и најголемото богатство, синот кој денес и помага колку може, и кој на само 3,5 години била приморана да го изнесе од татковиот дом заради неслога во семејството. Неколку години живее со него кај мајка и, па повторно се мажи, овој пат само поради тоа што имала притисок да го напушти мајчиниот дом и за да му обезбеди кров над глава на синот прифаќа наредните 9 години да живее тешко и макотрпно во Струмица.
Кога конечно одлучува да застане на свои нозе и синот малку потпораснал се враќа во Кочани каде под кирија живее до ден денес. Секој еден ден оттогаш до денес за оваа жена е тежок. Прво со социјална помош од само 3200 денари и аргатска работа го дошколува синот, а, од лани веќе и со старосна пензија која не и стигнува за ништо, дури ни за лекарствата. Нема убави услови за живот, по сите основи е одбивана за социјален стан до лани. А, ќе каже некогаш јадам само леб и сол ама и тоа ќе го преживеам, само на судниот ден сакам да ме изнесат од свој покрив, а не од туѓ дом-ќе рече таа.
Драгица потекнува од Трсино Виничко. За себе ќе каже дека од десет години се бори со судбината. Работела од мала и е многу изнемоштена – ќе каже за своите рани животни години. А, можеби најтешко и станува кога ќе се омажи и ќе роди син, па ќе започне да живее за него. За негов подобар живот на 3,5 години се сели од кај сопругот и се враќа кај мајка и, за потоа да биде приморана да се омажи по втор пат зашто чувствувала дека е вишок со детето во татковиот дом. И, можеби тогаш само за да имакде да расте синот одлучува да трпи тешки години во Струмичко Босилово, од каде конечно заминува во 2009 година и се враќа во родното Кочани да живее под кирија. Повторно работи акко аргатка, зашто шанса за вработување не добива, а и синот за да се дошколува морал да сече по 12 кубици дрва за да можат да преживеат.
-Имав многу тежок живот. Се омажив и родв син кој на три годишна возраст го донесов во куќата на мајка ми за да го изгледам бидејќи животот кај сопругот не ми беше добар. Потоа кога порасна малку реков ајде да ја ослободам куќата на мајка ми зашто чувствував притисок од блиските. Се омажив, и трпев уште полош живот од претходно само поради детето. Потоа, дојдов во Виница и до ден денес сум тука во лоши услови и сиромаштија-додава Драгица.
Денес оваа жена после се што поминала успеала да дочека старосна пензија. Но, за жал сеуште живее под кирија во мизерни услови зашто таа е премногу мала. Иако, ќе рече баба Драгица аплицирала за социјален стан, сепак по сите основи е одбиена и пак се мачи во туѓ дом. Тешко и минува еден ден, си наоѓа занимација за да не мисли на лошата судбина и ќе заврши:
„Нема потешко од тоа да те изнесат од туѓ дом, а не од свој кров- ќе заврши таа за „Срце на дланка“
Мудроста на животот е едноставна. А, се состои во тоа да се тргнеме од онаму каде сметаме дека сме непожелни. Животот можеби нема никогаш да ни ги сложи коцките, но, тоа барем е знак дека живееме и дека сме се обидувале да победиме. А, бог веројатно ќе ја погледне нашата жртва и утре ќе ни подготви малку поубава иднина.
Доколку сакате да и помогнете на баба Драгица тоа можете да го направите на нејзината трансакциска сметка 200002828473529 Стопансака банка или на нејзиниот телефонски број 075323342