Баба Ружа од скопско има само една скромна желба: Кучешки живот живеам, само една соба да имам
Ружа Ѓеорѓиевска е 93 годишна не среќна жена од која многу мала останала без мајка. Затоа била израсната од туѓи луѓе, а на 14 години била приморана да се мажи за да има покрив над главата.
Судбината за место на живеење ќе и го одреди селото Бањани во Чучер-Сандево, каде ќе живее во црковна куќа се до нејзиното распа ѓање и смр тта на сопругот Коста.
Како мајка ќе се осознае само преку посинување на синот, бидејќи сериозната бо лест на стомакот нема да и дозволат да роди биолошко дете.Својот живот го открива пред камерите на Срце на дланка.
Кога останува сама и без куќа и без маж заминува во куќата на вториот сопруг, вдовецот Борис, каде дочекува шест деца кои од првиот момент нема да ја сакаат ниту неа, ниту нивниот татко, затоа што довел друга жена.
И, можеби оттогаш и започнува пек олот за оваа жена затоа што нема да има мир во новата куќа. Иако, го чувала Борис кога бил бол ен, па, дури и го зак опала, после неговата см рт ќе рече таа, нема ниту еден ден мир бидејќи неговите деца ја прогонуваат и тераат да ја напушта куќата.
Баба Ружа веќе е многу стара и нема каде да оди. Често е гладна, жедна, неизбањата и премрзната во зима, а се што посакува е било каква соба па макар живеела само уште два дена во неа само тие два дена да ги проживее мирно и без страв.
– Најдете ми некоја соба, да живеам барем два дена доста ми е. Само раат да бидам да не ми тропа. Не е живот ова. Кучешки живот живеам. Да не му даде Бог на никого ова моето. Ако сум сирота и немам ништо.
Зошто да ме вознемирува? Што му направив? Што сум му должна јас? Не сум должна на никого. Сакам да ми најдете некаде соба, аман. Не се живее вака.
Ружа очигледно дека имала тешко детство без родители и затоа за да не остане на улица морала уште на 14 години да се мажи за да има покрив над главата.
Сериозната бо лест нема да и дозволи да стане биолошка мајка, но, грижата и залчето ќе го дели со сопругот и синот кој ќе го исчува од негови шест недели старост.
Сепак, по рас паѓањето на куќата во Бањани и женењето на синот и смртта на сопругот, таа решението го бара во нов брак за да има каде да живее. Тогаш започнува и најголемиот немир во животот на оваа несреќна жена.
Последните години како што вели баба Ружа живее многу тешко. Живее сиромашно, гладна и жедна, но најтешко и е што е бркана од куќата и не може да заспие од страв. И,покрај тешката состојба таа не зема ниту социјална помош, па ако не и испратат храна таа останува гладна и по неколку денови.
Моите маки не се кажуваат и бос да одиш до Америка, вели баба Ружа. Затоа, таа со последни сили се моли да и се најде една соба за макар два дена да живее во мир и без страв, а потоа и да ум ре нема да и биде жал.
– На овој век, на овој живот никој не те прашува дали си јадел или не. Никој. Уште па од душ мани да не сум раат, ќе ме мач ат. Кој ќе ми помогне, ни брат ни сестра немам, барем некој динар да имам.
Кога ни е тешко луѓето токму тогаш не оставаат сами. Без ничиј глас и утеха.Без рамо и поддршка. Тогаш разбираме дека животот не е мед и млеко и дека секој ден има тежок горчлив вкус.
Вкус на бор ба за утрешниот ден. Сепак, има смисла да веруваме во новиот ден и добрите луѓе. Затоа да не дозволиме никому таа надеж да ни ја уништи.