Борче Донирај Компјутер откри како ги фатил крадците – клучен човек во цела ситуација е Мики
Борче Стаменов од иницијативата Донирај Компјутер откако беше ограбен, а потоа ги пронајде украдените работи, се огласи на фејсбук:
И сеа коа се заврши ова со кражбата, можам и да ви кажам дека луѓе постојат. Кај нас во #ДонирајКомпјутер обично се вртат среќни приказни и на тие даваме повеќе внимание.
Таква е и за еден Мики кој мнооогу ни помогна случајот брзо да се разреши. Мики веќе имал спремен компјутер кој сакал да го донира кај нас и денес веќе треба и да е пристигнат.
Во исто време, украдените компјутери кои му биле понудени, ги купил за 300 евра со намера да ги донира во СОС детско село. Кога ја прочитал нашата објава дека сме ограбени си поврзал два и два, нашол мој број и ми се јави веднаш.
Компјутерите кои ги купил веднаш ги спакувал и по карго ни ги испрати. Не бараше надокнада иако веднаш му понудив да покриеме барем половина трошок.
Што се однесува до крадците, од мене нема да чуете ни кои се ни што се. За мене тоа е завршена работа и натаму нека си тераат работа судови и полиција. Важно скоро се е вратено