Ване Цветанов: За Македонија имам одработено повеќе од што можеш да сонуваш

Ване Цветанов важи за човек кој знае какко да привлече внимание за јавноста. Станува збор за поранешниот претседател на Советот за унапредување и надзор на ревизијата.

За него многу се зборуваше и пишуваше во медиумите поради големата љубов со познатата манекенка Дунавка Трифуновска.

Тие двајца ја доживеаа својата втора младост еден крај друг, постојано шетаа и споделуваа на социјалните медиуми фотографии и видеа од нивното заедничко поминато време.

Дури Ване Цветанов во ноември од Министерството за внатрешни доби кривична пријава за злоуп отреба на службана положба и овластување, со што го оштетил државниот буџет за 75.000 евра, повторно се најде во центарот на вниманието.

Имено, тој се товари дека вршел незаконски јавни набавки и ја ангажирал невенчаната сопруга Дунавка Трифуновска и со државни пари оделе на заеднички службени патувања.

Сепак во меѓувреме освен што остана без работа, остана и без девојка па така тој и Дунавка повеќе не се заедно.

Периодов, како личност која долги години беше дел од политичката сцена во земјава, со објавите дека Македонците и Бугарите се ист народ, но и дека имало многу манипулации на темава, Цветанов повторно се најде во центарот на вниманието.

Тој неодамна даде интервју за Фокус.мк во кое отворено говореше и меѓу дрогот кажа:

„До минатата година се декларирав за Македонец од причини што се бавев со политика и беше редно да се солидаризирам со мнозинството граѓани кои гласаат на избори, а се чувствуваат како Македонци.

Она кое што ме натера јавно да почнам да говорам за моите национални чувства кои со тек на времето станаа бугарски, е от ровот и ом разата кои што се генерираат од страна на определени политичари кон Бугарија-раскажува Цветанов.

Ване своето интервју го сподели и на својот личен фејсбук профили каде доби низа коментатари, а на еден од нив возврати со:

За државата имам одработено повеќе од што можеш да сонуваш.