(ВИДЕО) Срамни сцени – бабата и дедото на Талески скокна да се пресметуват со македонските навивачи
На македонскиот национален тим му треба чудо за да се пласира во главната групна фаза. По првите триесет минути нашите најдобри ракометари заостануваат зад Аргентина со 11-18 и пак скапо ги чини лошиот прв дел од полувремето.
Нашиот стручен штаб се одлучи за Петров на местото на Младеновиќ за разлика од дуелот против Холандија, а Аргентинците останаа исти од тимот кој загуби со единаесет разлика од Норвешка.
Ѓорѓиев почна во стартниот тим, а во првата минута одбрана запиша Митревски, а од првиот напад погоди Талески. Сепак, брзо дојдеа техничките грешки и Пиза ро и Мартинез погодија за 3-5 во 10. минута.
Масиел се разбрани, а кога Пизаро постигна свој втор погодок, Лазаров повика минута одмор при 4-8 во 12. минута. Ниту влегувањето на Кузмановски во игра не го подобри ефектот, Талески беше прочитан и Симоне од контра погоди за високи +6 за Аргентина во 17. минута.
Проблемите во нападот ги прекина Талески со гол од полуконтра за 6-11 во 20. минута. Томовски застана меѓу стативите, но и тој не можеше да ги сопре Пизаро, Симоне и другарите. Техничките грешки ни се повторија од претходните натпревари и на одмор се замина со високи 11-18.
Талески со три гола беше најефикасен наш ракометар во првиот дел, а Пизаро со четири и Симоне со три погодоци се истакнаа во аргентинскиот табор.
На полувреме се случија срамни сцени. Имено на трибината на македонија изби те пачка која ја започнаа бабата и дедото на Филип Талески со навивачи на Македонија кои го критикуваа низниот зет.