„Визер“ со прекрасна вест за патниците од и до Македонија: Се воведуваат нови и се зголемуваат сегашните линии
Виз ер ќе отвори две нови авиолинии од Скопје, до #Љубљана и до #Луксембург, закажани за претстојната есен и зима и ќе додели уште еден авион во Скопје со што ќе ја зголеми својата база во македонскиот главен град на вкупно 6 воздухоплови од декември 2023 година.
Авиокомпанијата ќе ги зголеми и фреквенциите на девет постоечки авиолинии, на своите летови од Скопје до: Дортмунд, Бремен, Меминген, Берлин, Карлсруе/Баден-Баден (Германија), Рим Фиумичино (Италија), Брисел Шарлроа (Белгија), Братислава (Словачка) и Ајндховен (Холандија). Летови за Берлин, Ајндховен и Брисел ќе има секој ден.
Авиобилетите се веќе достапни на веб-страницата wizzair.com или пак на мобилната апликација Wizz Air’s mobile app.
„Среќни сме што ги проширивме нашите воздушни операции во Скопје и поради тоа што воведуваме нови рути до Луксембург и до Љубљана. Северна Македонија има значајно место во огромната мрежа на Wizz Air и ние сме горди што сме лидер на пазарот во земјата. Со зголемување на нашите фреквенции на девет рути и понудените нови дестинации, имаме за цел да им обезбедиме на нашите патници неспоредлива конекција и искуства од патувањата.
Би сакал да им се заблагодарам на нашите колеги од Меѓународниот Аеродром Скопје за нивното одлично партнерство како и на Министерството за транспорт и врски за поддршката во работењето со нас за изградба на подобра воздушна поврзаност на Северна Македонија“, изјави Роланд Тишнер, Извршен директор и офицер за операции во Виз ер Унгарија.
„Во ТАВ Македонија сме среќни со оваа добра вест дека Wizz Air донесе одлука да го смести шестиот авион во нивната база на Меѓународниот Аеродром Скопје. Овој чекор ќе резултира со севкупен пораст на скопскиот аеродром што ќе го направи нашиот аеродром уште поатрактивен избор за деловните и рекреативните патници.
Сместувањето на шестиот авион во базата е пресвртница што ја означува довербата на нашите партнери кои ни ја даваат како аеродромски оператор. Тоа ќе биде ново поглавје во нашето патување кон извонредност и ќе послужи како катализатор за натамошен пораст и развој.
Со нетрпение очекуваме да ја прифатиме оваа можност и да обезбедиме исклучително искуство и за авиокомпанијата и за нашите ценети патници. Би сакал да се заблагодарам и на Виз ер за нивната одлука и на Министерството за транспорт и врски за континуираната поддршка“, изјави Неџат Курт, Генерален директор на ТАВ Македонија