Горан од Тетово: Изгубив три деца, сам перам и чистам, а доколку ги изгубам и овие нема зошто да живеам

Горан Ристовски потекнува од тетовско Јегуновце и е единец на мајка и татко. Токму затоа подоцна откако ќе оформи смејство тој ќе сака големо.

Па така со Благородна ќе добие пет деца, но повеќето од нив ќе бидат со посебни потреби а три од нив ќе ги изгуби, а пред седум години ја губи и својата сопруга.

И дотогаш му било тешко, но откако ја губи и неа ситуацијата станува уште полоша а потоа нема да има волја за ништо и е во голема неизвесност.

Со минималниот приход кој го добива работејќи како клисар и оние од додатокот на ќерката Силвана, Горан едвај ќе зврзува крај со крај и е на раб на егизстенција.

Двете деца што му останале не можат да му помогнат бидејќи не се во состојба, а куќата која ја направил со татко му е во многу лоша состојба.

Глатта е нивно секојдневие, се што имаат во куќата е од донации, а и покрај се се надеваат на подобро утро и да ја видат светлината на денот.

– Поради девојчето јас не можам да работам, тоа е многу бол но, девојчето има епи лепсија и прима многу сил ни лекарства.

– Јас работам се, буквално јас сум и мајка и татко во кучата, перам, готвам, чистам, нема кој друг, вели со тешко срце Горан пред камерите на ,,Срце на дланка”

– Досега изгубив многу, многу блиски роднини и потесно семејство не знам што се случи, ситуацијата ми е многу тешка и незивесна.

– Од црквата каде што работам како клисар земам 5.000 денари и одам некаде каде ќе ме викнат да помогнам за да преживеам, одвај се прехрануваме.

– Лекарстава за децата се 50 евра, а јас приход имам од 5.000 денари не знам што попрво да направам, додава огорчено Ристовски.

– Многу сакам да имам своја соба, бела и чиста, да не е црна како сега, свој кревет, вели ќерката Силвана која е во лоша состојба.

Доколку сакате да му помогнете на ова семејство то може да го сторите на телефонскиот број 078 266 353 или на трансакциската сметка 290500004780962 Горан Ристовски