Горан Пандев на огромен билборд на „Тајм Сквер“ во Њујорк – се спрема нешто големо
Како што е познато Горан Пандев најдобриот македонски фудбалер во историјата пред ивесно време реши да ги закачи копачките, па така сега ги ужива благодетите на пензионерските денови.
Тој со своето семејство продолжи да живее во Италија каде што помина најголем дел од својот живот и каде му се родени сите три деца.
Сепак тој често поминува време и во Македонија поточно во летниот период во родната Струмица каде што е сопственик на фубдалскиот клуб Академија Пандев.
Во периодов Пандев е во Америка поточно помеѓу елитата во Њујорк каде што се појави огромен билборд со неговиот лик на познатиот „Тајм Сквер“
Горан Пандев и Брера Калчо го почнаа походот кон кон една поинаква фудбалска приказна со главен центар Струмица во мрежата на фудбалски клубови кои ќе бидат купени од Брера Холдинг“, откако оваа италијанско-американска компанија во која член на Бордот е македонската легенда, синоќа официјално се појави на берзат Насдак во Њујорк.
Пандев од центарот на финансиската моќ со партнерите Брера од вчера го почнуваат проектот во кој прва цел е купопродажбата на Академија Пандев, а потоа и на клубови од Мозамбик, Гана, Аргентина и една комплетна реконструкција од лето, почеток на една приказна која треба да биде и вистински фудбалски бизнис.
„Многу луѓе не веруваа во овој проект. Ама, на крај јас сум среќен што во Македонија ќе инвестираат Американци и Италијанци. Акциите ги продадоа на берза и сега ќе почнат да купуваат клубови.
Прв е Академија Пандев, па се надеваме дека ќе избориме опстанок и од следната сезона ќе направиме тим кој ќе игра главна улога во македонското првенство“, вели за Спорт1.мк, Пандев.
Калчолигашката икона, која лани стави крај на величенствената кариера, со партнерите од Брера, официјално присуствуваше на пуштањето во промет на акциите, кои имаа раст уште на првиот ден од појавата на берзата Насдак
„Првпат сум на ваков настан, навистина сум позитивно изненаден и возбуден што нашиот клуб беше претставен на њујоршката берза. Имаат луѓето идеи и проект и се надеваме дека ќе ја видиме Академија Пандев за некоја година во групите на Конференциската лига.
Јас направив сѐ за овој проект да се оствари, сега тие (на газдите од Брера – н.з.) ќе треба да се докажат дека клубот може да го претстават на големи врати во Европа, а тоа е место во групната фаза во Европа и атак на титулата во Македонија“, додава Пандев.