Гореше македонска болница – пожарот започнал од резервоарот за нафта
Вчера ТППЕ Радовиш на дојава интервенирала и упатила 3 возила и 6 пожарникари во Здравствен дом Радовиш каде што бил опожарен резервоарот со нафта.
По огромните напори на пожарникарите од ТППЕ Радовиш бил локализиран и изгаснат пожарот кој се претпоставува дека е настанат за време на работни активности што се работи на него.
Со оваа интервенција била избегната поголема несакана трагедија, причината и како е настанат пожарот треба да се утврди дополнително.
-На 02.10.2023 година во 14.30 часот во СВР Струмица било пријавено дека настанал пожар во една од просториите на Здравен дом Радовиш.
По интервенција на Територијалната противпожарна единица Радовиш пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид на местото извршиле инспектор за пожари и екипа на ОВР Радовиш, велат од МВР.