Груевски им го „плесна“ во лице на Ѓорчев и Милошевски и им кажа јасно што мисли за нив
Никола Груевски одново се огласи на фејсбук и им умати порака на два свои поранешни сопартијци.
И ќе заборавев…Марјан Ѓорчев очигледно утрово на радио пренесува негови сеќавања, размислувања, планови и спомени од минатото кога како поранешен потпретседател на партијата, направи негова нова партија и неколку изборни циклуси неуспешно настапуваше со неа на избори.
Кога го напуштија сите, а ние бевме најсилни во 2009 година му пружив рака, стана градоначалник а потоа и амбасадор, вкупно 8 години.
Искрено, очекував дека по доаѓањето на новата власт, а кога пред негови очи и уши се подготвуваше, се преговараше и се потпиша договорот со Бугарија од кој сега произлегуваат крупни проблеми за државата и нацијата, дека ќе биде доблесен, и ќе си поднесе оставка како амбасадор во знак на несогласување со тој договор. Тој сепак си го дослужи мандатот молчејќи и трчајќи покрај Заев, додека Заев го реализираше својот план, за потоа да ни раскажува по медиумите колку не чинел тој договор.
Одкако јас бранејќи национален интерес западнав во проблеми ниту еднаш не ми се јави барем куртуазно, и ако треба и лицемерно, да ме праша како сум, и како ми е. Благодарам Марјане .Јака “штикла” си станал во партијата сега! Советник на ИК! Честитки! Само напред! Гази!
ПС. За Антонио Милошевски кој вчера држеше прес конференција против мене имам многу што да кажам, но засега ќе се воздржам. Само ќе кажам дека многу добро го запознав неговиот карактер и минато.
Тој при секоја смена на лидер со сопствена иницијатива бара начини да го нападне претходниот, за да се истакне кај новиот.Така ќе биде и кога Мицковски ќе си замине од челната позиција на партијата еден ден.
Антонио ќе држи прес конференција, а на интерни состаноци најжестоко ќе зборува против него како да му е прв душман, од првиот ден, за да ги добие симпатиите на новиот водач. Така функционира тој човек. Таков бил, таков е сега, таков и ќе си остане.