Д-р. Нико се огласи и откри од што точно дошло до фамилијарното труењето и смртен случај
October 19, 2023
Македонија попладнево ја потресе страшна вест која вели дека едно лице починало, а две се борат за живот по труење со храна.
Д-р. Нико Беќаровски од клиниката за Токсикологија се огласи на оваа тема вечерва на својот фејсбук профил каде што напиша:
За да не се шири непотребен страв кај населението, причината за фамилијарното труењето и за жал еден изгубен живот со пестицидот Метомил (карбамат), попознат како Ланате, не е ниту “прсканиот праз” ниту брашното во питата.
Инаку доволна е една лажичка концентриран прашок од овој пестицид да предизвика смрт на возрасен човек.Повеќе информации барајте од МВР. Најдлабоко сочувство до фамилијата на починатата.