Даниел ја напуштил работата како професор по историја, па со обложување на едно нешто заработувал илјадници
Многумина ќе речат дека најдобриот дел од Евровизија е всушност гласањето – кога гледаме од нашата фотелја без многу стрес која песна добива 12, а која 0 поени.
Сепак, еден човек не би се согласил дека гласањето некогаш било без стрес, бидејќи резултатот еднаш одредувал дали тој освоил десетици илјади фунти – или ја изгубил својата куќа.
Имено, Даниел Гулд од Англија беше професионален коцкар на „Песна на Евровизија“ речиси една деценија. Тој отсекогаш бил голем љубител на ова натпреварување, но во 2004 година сфатил дека од тоа може сериозно да заработи.
Тоа беше година кога Евровизија воведе полуфинале, а Даниел заклучи дека некои земји речиси сигурно ќе се пласираат во финалето врз основа на гласовите на дијаспората, односно ќе добијат доволно поени во телевоутингот за да се квалификуваат во финалето, врз основа на гласовите на дијаспората.
Даниел почна да се обложува со ниски коефициенти на песните што се квалификуваат, сметајќи дека овие облози се практично сигурни. Но, во почетокот немаше храброст да гледа кога почнаа да се објавуваат резултатите.
Следеа победите. Во 2009 година, Даниел се обложи на Александар Рибак и неговата песна „Бајка“. Решил да ја напушти работата како професор по историја и да живее со коцкање на Евровизија.
Со месеци, секоја година, Даниел ја живееше и дишеше „Песната на Евровизија“ – анализирајќи ги трендовите, истражувајќи ги изведувачите, следејќи ги гласините на нејасните форуми.
Во една типична година, тој би освоил околу 50.000 фунти кои ги потрошил на патување низ светот. Даниел го сакаше Изборот за песна на Евровизија, сакаше и патувања – го живееше својот сон.
Познавањето на историјата му помогна на Даниел подобро да ги разбере односите меѓу земјите. Неговите патувања го изострија неговото чувство за поп-култура низ целиот континент. Тој дури напиша статија за Би-Би-Си за тоа што може да значи влезот на Австралија во натпреварот.
За жал, животот на крај не беше на негова страна. Во 2018та година Даниел почнал да страда од главоболки. Потоа, во декември истата година, на патување, тој ненадејно почина – на 43-годишна возраст. Аутопсијата покажа дека има тумор на мозокот за кој не ни знаел.