Додека сме ги јаделе, барем еднаш сме се прашале – колку пари прави „Седмица“ – епа еве го одговорот
Речиси да нема човек во Скопје, а и пошироко, а барем еднаш да не пробал сендвич од култниот бренд „Седмица“.
Кога и да отидеме да си нарачаме, секогаш има огромна гужва и бројни муштерии, па додека чекаме да не услужат, пред нас излегуваат голем број седнвичи.
И неизбежен е муабетот и прашањето. Па добро, колку ли пари, промет дневен и заработка прават. Епа сега дојде одговорот.
Компанијата што ја произведува омилената скопска плескавица постои 36 години и е основана во веќе далечната 1987 година.
Неодоливата плескавица на „Сендвичара 7“ односно популарната скопска „Седмица„ е достапна на четири локации (три сендвичари и еден скара ресторан) во градот и вработува 86 лица.
Од продажба на своите фаст фуд деликатеси оваа компанија лани остварила приход вреден 4,2 милиони евра што ја прави неприкосновен лидер на фаст фуд пазарот во Македонија. Добивката од продажбата на повеќе од милион плескавици лани на компанијата и донела добивка од 734.000 евра, пренесува Фактор.мк