Еден од најпознатите Македонци во Светот за 9 дена загуби 12 килограми – го чека спектакл
Александар Волкановски за само девет дена ослабе 12 килограми и се подготви за реваншот против Ислам Махачев.
Спектакуларна ММА борба беше одржана во сабота навечер на настанот UFC 294, бидејќи Александар Волкановски го прифати повикот да се подготви за борба против Ислам Махачев, кој е актуелен сопственик на појасот во лесна категорија, на многу краток рок. Откако Чарлс Оливеира мораше да се пензионира поради повреда, борецот од Австралија, кој има македонско потекло доби покана да биде замена и веднаш се согласи.
Имаше голем проблем и многумина се сомневаа дека момчето со македонски корени навистина може да се најде во октагонот!
Прашање беше дали Волкановски ќе успее да ослаби доволно пред мечот, а потоа заврши неверојатна работа – за само девет дена загуби дури 12 и во реваншот ќе се бори со Махачев.
„Понекогаш мора да бидеш посебен за да се справиш со тој физички и ментален предизвик, но има причина зошто Алекс Волкановски е најдобар во светот во ова“, рече нутриционистот Џордан Саливан, кој работеше со Волкановски за време на неговиот процес на слабеење. Александар им порача на своите фанови дека се е во ред со објава на социјалните мрежи, заедно со видео од мерењето.
Потсетуваме, Ислам Махачев и Александар Волкановски се боре во февруари 2023 година во Перт, а потоа рускиот борец беше подобар по одлука на судиите по пет исклучително тешки рунди.