Жан Митрев со голем пресврт, се огласи и порача: Јас им простувам и ќе ја повлечам

Еден од најпознатите македонски доктори, еминентниот кардиохирург Жан Митрев кој воедно е и сопственик на истоимената приватан клиника реши да се огласи.

Тој на официјалната фејсбук страна во текот на денот сподели објава во која што вели:

Простување.Денес е ден кога Христос се роди. Денес е денот кога се родила надежта дека доброто ќе го надвладее зл ото.

Денес е денот кога се што ни се случило лошо сакаме да го заборавиме.Денес е дденот кога на сите им посакуваме само добро.

Денес е ден кога им простуваме на сите кои ни направиле ло шо. Минатата година ИРЛ ми нанесоа многу неправда со организирана пропаганда и ширење невистини преку јавни медиуми.

За тоа поднесов и тужба против нив. Целта не ми е да се тужам со медиумите, туку да ја докажам правдината.

Но, за се што сториле Бог нека им суди. Јас им простувам и тужбата ќе ја повлечам За многу години