Златкова од штипско е жена ипол: Сопруга, мајка на три деца и грижа за 300 овци
Ѓусте Златкова од штипското село Шашаварлија е 42 годишна млада жена , мајка на три деца, а со сопругот имаат 300 овци и живот кој сами го одбрале како најдобар за нив. Ѓусте е бистра и енергична жена која се сака да стигне, а во тоа и успева. За неа овците се работа и љубов која верувале или не изгледа вака.
Ѓусте на пример, сите 300 овци ги познава и идентификува детално. Знае точно секоја како изгледа, колку млеко дава, колку е луда или добра и дали е склона на “ инциденти”.
Ова познанство на неа и ја олеснува работата за да се справи со сите нив , да ги организира, нахрани, да се живи, здрави и да бидат млеконосни.
Младата фармерка практично во оваа работа нема ниту слободен ден,а камоли слободен час, 365 дена во годината е тука со нив во трлото или на паша.За овците нема делник или празник.
Овој преголем напор за неа и целото семејство таа го избрала сама. Зошто изборот се токму овците?
Иако сточарите се жалат дека имаат се полоши услови за нив и стоката и стадата се почесто ги продаваат, Ѓусте не мисли така.
Ѓусте е вистински херој фармер бидејќи покрај овците под своја контрола го држи и семејството што подразбира дека е сопруга и мајка.
Младата жена од Шашаварлија порачува. Трудот води кон сите успеси. Ако човек работи со љубов, ќе успее. Време тогаш се има за се и за овците ,но и за најсаканите. Да, уморот е голем но задоволството од сработеното е секогаш поголемо, искрена е 42 годишната Ѓусте Златкова.
Целата сторија со видео прилог може да ја проследите на ТВ Стар.