Игор Џамбазов утрово порача: Мора да ве пофалам, ќе не биде изгледа
Игор Џамбазов со оправдание го носи епитетот на еден од најдобрите и најпознати Македонци, човек со неколку професии.
Водителот, шоумен, музичар и писател или човек со многу професии како што го нарекуваат – тоа е Игор Џамбазов кој каде и да се појави или што и да објави на социјалните мрежи привлекува внимание.
Утрово Џамбазов одново беше активен на социјалните мрежи, поточно на својот инстаграм профил каде што напиша:
21 октомври, 20 часот, Филхармонија. Концертна промоција на албумот “Првите триесет”, на Игор Џамбазов и Гуру Харе. Билети преку @mktickets , и сите продажни места на @literatura.mk .Побрзајте за билети, ќе нема…
-Мора да ве пофалам. До ден денешен никој, ама баш никој, не ми побара Гратиси за концертот во Филхармонија. Ќе не биде изгледа. Гратиси не се проблем, гратиси нема.