Момчило во десеттата деценија е здрав како дрен, вози автомобил, а на доктор не отишол како што вели благодарејќи на еден напиток
Пензионерот Момчило Лацковиќ (91) од Клењ се пофали дека е „здрав како дрен“. Посетува лекари само секоја втора година кога ќе ја обнови возачката дозвола, а својот „фиат“ го вози без наочари.
Момчило секое утро пие терапија од пчеларникот, не оди на лекар, во десетта деценија вози без наочари, а како што вели за Информер.рс, на пчелите им е благодарен за долговечноста и доброто здравје.
– Осум години не сум бил на лекар од друга причина. И претходно имав здравствени проблеми, но бидејќи д-р Зоран Колариќ ме советуваше редовно да земам природна терапија од мојот пчеларник, не пијам никакви лекови.
– Имам силен имунитет, го регулирав при тисокот, а сите други параметри и испитувања се одлични. Не огладнувам до ручек и можам да работам цело утро без да се изморам – вели Момчило.
Разредете една лажичка полен во млака вода или топол чај, засладете ја со една лажичка мед и додадете десет капки прополис.
Оваа „терапија“ Момчило ја пие секое утро штом ќе стане, а потоа оди во својот пчеларник, на пазар или дома да ги чека купувачите на мед и други пчелни производи.
Пчелите, на кои тој им е благодарен за долговечноста и доброто здравје, му се добри пријатели на Момчило уште од детството, бидејќи неговиот татко Драги бил познат пчелар.
Исто толку успешно го наследи семејниот бизнис, за што сведочи и највисокото признание на Здружението на пчеларски организации од Белград, наградата за заслужен пчелар на Србија, безброј медали за квалитет на саеми и бројни општествени награди за развој на пчеларството.
– Секоја работа треба да се работи од љубов. Затоа и на оваа возраст не ми е тешко да одржувам стотина пчелни семејства.
Јас гребам рамки, поставувам подлоги=, топам восок, матам мед, произведувам матици, постојано проверувам кошници, а одам и на саеми каде стојам на нозе по цел ден. Многу ми помага син ми Златко, кому и оваа работа му се допадна – додаде Момчило.
Тој вели дека од пчелите може многу да се научи, особено за редот, дисциплината и хармонијата, а се може да се примени во секојдневниот живот.
Тој и неговата сопруга Ивка (87) се во хармоничен брак веќе 70 години и се сакаат, почитуваат и разбираат уште во далечната 1953 година кога почнале да живеат заедно.
– Освен љубовта која никогаш не згасна, заедно остаревме и благодарение на толеранцијата. Во сите овие години никогаш не сме се расправале.
– Бевме сиромашни и напорно работевме да врземе крај со крај и да ги израснеме синот и ќерката, бевме најпознатите мајстори плетачи во Мачва и денес заслужено уживаме во староста со нашите деца, внуци и правнуци – вели Момчило за крај.