На Србинот Лука на нос му излегол одморот во Грција откако му се расиапл автомобилот во Македонија: Им дадов еден куп пари само да си заминам
Покрај планираните трошоци кои ги бара самиот одмор, непланираните понекогаш знаат да бидат и поголеми од целиот аранжман, а тоа најдобро на своја кожа го почувствува Лука кому му се расипал автомобилот на враќање од Грција.
На Фејсбук групата „Грчка инфо“ овој Србин го сподели своето не баш пријатно искуство на крајот од својот одмор. Поради дефект во неговиот автомобил, тој бил принуден да се обрати до најблиската влечна служба, поради чија услуга, како што вели, по три дена бил физички и психички паднат.
„Во четвртокот тргнавме од Грција за Србија. По 4 часа чекање на границата меѓу Грција и Северна Македонија, возилото ни се расипа во близина на Гевгелија. Дојде локална служба за шлепер да не земе.
Тие наплатија 100 евра за превоз до првиот механичар пошто не зедов годинава пакет од АМСС.Ме праша дали имам или познавам механичар во Гевгелија.Јас одговорив дека секако дека немам.Не одвезе кај другар кој наводно е добар механичар“, ја започна својата приказна Лука.
„Три дена наводно го поправале автомобилот, сопругата и децата ги испратив со автобус во Белград по првиот ден.
Ништо не направија, ми побараа огромна сума пари. На крај буквално ми се слоши и им дадов 600 евра само да си одат! Постојано спомнуваа некои големи бројки и скапи дефекти. Многу наши луѓе останаакај него или беа донесени. Правеше сцени од мали дефекти и кажа колку е скапо. Класичен грабеж!
По три дена повеќе не можев да ги слушам нивните лаги и измами. Се јавив во службата за шлеп од Бујановац пошто беа најевтини, едно евро за километар. За сите пофалби луѓе
Доколку случајно ви се случи нешто во околината на Гевгелија, не им верувајте на влечните служби или сервисните центри. Задолжително земете пакет од АМСС и заобиколете ја Гевгелија!“, се вели во неговата објава.
Неговата објава привлече големо внимание бидејќи, како што се тврди, се работи за услуга која често се појавува кога ќе им се случи дефект на туристите.Тогаш со свој коментар се јави еден Македонец.
„Тоа е невешт механичар и сервис за влечење. Само пријавете го на инспекција. Еднаш кога сакаа да ми го поправат автомобилот, ми рекоа дека не смеам да гледам што прават и како го поправаат. Како да ми го купиле.., напиша тој.