Никола дава бесплатна храна на бремените жени: Може да доаѓаат колку сакаат во денот
На прашањето: „Каде ќе појадуваме? вообичаено е да се слушне: „На бурек, што друго“, а ова омилено пециво е се почесто на менито на идните мајки во Неготин,
Сопственикот Никола Петраќковиќ од овој град, решил да понуди бесплатен оброк за трудниците и можат да дојдат колку сакат во текот на денот.
– Со мал придонес решивме да им помогнеме на нашите трудници, да им обезбедиме бесплатен оброк овде. Можат да дојдат колку што сакаат дневно, нема ограничување.
– Не е важно од кој град се, може да дојдат од Белград, Нови Сад, Неготин… Сакаме да помогнеме во раѓањето на децата.
– Неготин е убав град, но ние имаме мал проблем со белата чу ма, па сакаме да ги охрабриме младите родители – вели Никола.
Недалеку од пекарата има и советувалиште за млади мајки, а за оваа кампања неодамна слушнала и Миљана која е во шестиот месец од бременоста.
-Ова е прекрасен гест, покажа каков човек е пред се. Тој има три деца и знам дека ова ќе им помогне на многу луѓе, вели таа.
Како што вели, вчера и било прв пат и пробала бурек со сирење. Тај ната на добриот бурек ја испроба и Мануел Трујкиќ, кој на 19 години стана еден од најдобрите мајстори за бурек во градот.
Мештаните се пријатно изненадени и сметаат дека ова е одличен начин за подобрување на наталитетот во Неготин и убав чин.
Со својот пример, Никола ја рашири идејата за започнување на слични акции, а предлогот е да се обезбеди бесплатна храна за социјално загро зените, а овој пример треба да го следат и македонските газди.