Нова драма во Грција – Исчезна 5-годишниот Игор на плажа во Неа Флогина

Според информациите споделени на Фејсбук страницата „Грчка инфо“, момче Игор (5) исчезнало на плажа во одморалиштето Неа Флогита во Грција.

Како што е соопштено, момчето носи костим за капење со ликот на Mc Queen и е од Србија.

Се изгубил во близина на барот на плажа Брискет.

Потсетуваме, пред само 2 дена во Грција беше изгубено мало девојче кое, за среќа, набрзо беше пронајдено.

Инаку Неа Флогита е омилено место и за многу наши сограѓани и каде што летуваат или поминуваат викенд Македонци.