Професорот Трајковски открива како вашиот автомобил помалку да троши
October 5, 2023
Професорот Дејан Трајковски на својот фејсбук профил пред некој ден сподели статус во кој што вели:
Со дефанзивно возење, без чести и нагли забрзувања и сопирања, потрошувачката на гориво може да биде помала дури и од проспектот на производителот.
На 583 km пат остварена е просечна потрошувачка на бензин од 5,4 l/100 km и тоа со искачување од 80 m на 590 m надморска висина.
Ретко е возено побрзо од 120 km/h, воглавно по добар асфалт и со прописно напумпани гуми, без користење на клима уред. Мотор: бензински 1,4 MPi, 59 kW.
Офанзивното, брзо и кабадаиско возење, со агресивни претекнувања, не само што не е безбедно и релаксирано, туку не е ни евтино, а моторот непотребно се силува