Професорот Трајковски се вознемири за својот близок: Кутриот Миле, се врати дома ослабен како крпче, се надевам се ќе биде во ред
Дејан Трајковски, професорот по теоретска механика на битолскиот универзитет „Свети Климент Охридски“, на пошироката јавност и стана познат по своите чести пресметки и анализа за ширењето и последиците од Ковид-19.
Освен тоа, секојдневно споделува анализи поврзани со некоја тема од интерес за граѓаните на Македонија, а овојпат се огласи и напиша:
Кутриот Миле, се врати дома полуотруен и ослабен како крпче. Малку разлигавен и со болно меше на допир, без никаков апетит.
Не му измерив температура, ама ако беше ниска тоа би укажувало на труење. Дури и однесувањето го смени, постојано сакаше друштво и галење, како да очекуваше помош од нас.
За среќа, започна да јаде како порано и му се врати живоста. Се надевам дека сé ќе биде во ред со него. Само да знам кој остава отров за животни!