Самохраната мајка Блашка од Виница тврди дека е ограбена од соседка: Скришно извадила брз кредит на мое име
Виничанката Блашка Венснипернберг е во очај. Тврди дека е ограбена од нејзината соседка која на нејзино име извадила кредит од 1000 евра, а треба да го враќа таа
„Тие ми рекоа да дадам лична карта и трансакциска на жената, сака кредит да изваде. Но јас не дадов, но таа ми ја земала личната карта и трансакциската од банката и скришно извадиле кредит брз“, вели за ТВ Стар.
Блашка е самохрана мајка, не работи, не прима социјална помош а живе од пари кои и ги оставил нејзиниот покоен сопруг.
„Јас сум самохрана мајка, сопругот почина, но децата живеат посебно, па така сама живеам. Нема кој да ми помогне“
Досега на виничанката од продавницата за пари каде парите се подигнати и приситгнале две пораки со опомена дека парите мора да ги уплати најдоцна до 15 ти овој месец .Таа практично треба до Понедленик таму да однесе 24.000 денари.
Случајот со Блашка Венснипернберг веќе е заведен во полицијата и таа се надева дека додека сеуште не е доцна може да се интервенира и парите да ги спаси. Бара помош и од другите институции бидејќи вакви случаи има се повеќе.