Сашо од Прилеп во „Никогаш не е доцна“ ги воодушеви сите, па призна: Да бев сега помлад бар да се оженев
Сашо Башески (54) од Македонија остави одличен впечаток кај публиката ширум светот по својот прв настап во шоуто „Никогаш не е доцна“.
Тој се опишува себеси како скромен човек кој навистина не ги искористил сите можности што му биле понудени во младоста кога е музиката во прашање.
– Со првата плата купив бас гитара веднаш штом се вработив и почнав како басист, а подоцна и како пејач. Не го гледам ова шоу како конкуренција, не мора да победувам, само сакам луѓето да ме слушнат. Да бев сега помлад, ќе ги искористев можностите што ми се укажаа тогаш, но не ги искористив. На пример, можности да се оженам – изјави натпреварувачот.
Само што излезе на сцената, Сашо ја поздравил публиката, а потоа призна какви биле реакциите на околината по првиот настап.
– Реакциите беа и повеќе отколку што очекував, многу пријатели и колеги ме контактираа да ми честитаат, навиваат за мене, Прилеп се гордее – изјави натпреварувачот.