Семејството Димовски од скопскo моли за помош: По трет пат куќата им е поплавена, едвај може само да се прехранат
Вода до колена, уништен под, влага и мувла, купишта алишта и мебел – страшна е глетката во домот на семејството Димовски од скопската населба Шуто Оризари.
Поројните дождови по трет пат им ја поплавиле скромната куќа која ја граделе макотрпно со децении. 64 годишната баба Марица низ солзи раскажа какви “животни бури” ги снашле. Исплашена вели дека секоја капка дожд е страв и трепет за неа. Таа се надева на помош од државата и од хуманите луѓе за скромно да ја проживеат староста со нејзиниот сопруг ќерка и петгодишното внуче.
Семејството Димовски неколкупати се обратиле до општината, но освен кренати раменици и префрлање на одговорноста не добиле дополнителна информација дали може некој да им помогне да си го средат домот.
Четиричленото семејство Димовски живее со 13.000 денари месечно.Велат дека со овие пари освен за комуналии, едвај можат да се прехранат со леб, а камоли нешто повеќе. Добредојдена им е секаква помош.
Секој што сака да им помогне на фамилијата Димовски може да донира на следната сметка: 300007040194464 – Комерцијална Банка.
Тие се надеваат дека како постојат хумани луѓе кои се подготвени да подадат рака па дури и своето срце и дел од нивниот скромен домашен буџет за да помогнат онаму каде што е потребно.
Целата сторија со видео прилог може да ја проследите на Алфа ТВ.