Снеже Велков: Водителките се глупави, разведените се распуштеници
Познатата тв водителка Снеже Велков на социјалните мрежи е позната и по мудрите пораки кои ги испраќа до сите нејзини следачи. Овојпат таа напиша:
Водителките се глупави, инфлуенцерките се прост итутки. Ако имаш мало дете не смееш да имаш кариера. Ако си маж и останеш дома мора да си лигле.
Ако си манекенка нема тука многу висок коефициент на интелегенција а ако си успешен маж неќе да си баш чист?
Разведените жени се распуштеници, самите жени се себични и нешто им фали, верните мажи се папучари, богатите се швалери, убавите жени и фудбалерите не се паметни а високо интелигентните луѓе се забегани и досадни!
Феминистките по дифолт ги мразат мажите. Сите мажи се исти-мислат само на се кс. Ако е во миниќ е лесна девојка, ако е закопчана до грло е поштена.
Ако има добра кола му ја купил татко му.Ако сама си купила кола- парите и се од спонзорот. Генерализирање, осудување, и стигматизирање.
Не можеш да се докажеш, не можеш да се оправдаш ниту да се избориш за спротивното! Флеката која ја направил другиот ќе си ја носиш како своја. Џебе ја рибаш и чистиш, не се брише.
Оти умот на другиот е тој што е за чистење. А ти. Затвори ушите, крени ја главата, не се докажувај, не коментирај, не дебатирај оти битката однапред ти е изгубена.
За тоа.Со делата многумина замолчи!Со успесите шамари удирај!Со напредокот отворени усти оставај!Со вербата напред тргнувај Поубави светови освојувај!
А ако си од другата страна-Подзапри, послушај, отвори очите поубаво, не биди како сите! Светот е полн со чесни, доблесни, квалитетни, чувствителни луѓе ама дозволи си да ги видиш
Не стигматизирај не генерализијрај отвори го умот! Биди исклучок, биди реткост биди вредноста која многумина ја немаат! Можеш. Можеме