Сопружниците кои во Делчево ги нападна бикот сведочат како се спасувале: Како да бевме во Шпанија, завршивме во Брзата помош
Деновиве низ медиумите и во јавноста многу се зборуваше за случајот со бикот од делчевско кој на паднал сопружници.
Како што е познато од МВР за настанот кажаа -Во понеделник во 15.20 часот во СВР Штип било пријавено дека во нива на место викано „Низамски ниви“ во с.Град, делчевско, С.С. и неговата сопруга Ј.С. биле нападнати од бик, сопственост на соселанецот М.С., при што биле направени оштету вања на овоштарникот и на нивното возило.
Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Делчево, при што се работи на комплетирање на случајот, а против М.С. е поднесена соодветна пријава, се вели во пријавата поднесена до делчевската полиција.
Од порталот Делчево365 се обратиле и до сопружниците за да ја слушнат нивната страна на приказната, па така за настанот тие велат:
-Тоа што се случи е голема траума, 45 минути како да бевме во Шпанија. Доживеавме големи тра уми , имаме документи од брза помош извадено лекарско со записник, ставени инј екции, преглед од псих ијатар, извршен беше увид од самата полиција кои беа на лице место на самиот овоштарник.
За самото лице не знам што да кажам се однесуваше некултурно со дофрлање погрдни зборови, иако лично не се сретнавме потоа, да кажеше барем ,,извинете”.
Значи тој стрес што го доживеавме е голем, ќе биде гонет кривично, а и приватно. Мое мислење е дека тој бик еден ден ќе от епа некого, нас не не от епа, ама ќе отепа друг сигурно, бисејки има случаи кога напаѓал и други лица од селото, вели еден од нападнатире лица С.С.