Струмичанката Славица која победи на „Звездие на гранд“ од денес е побогата – еве какви награди доби
Победник на популарното балканско шоу „Ѕвездите на Гранд“ за сезоната 2022/2023 е Македонката Славица Ангелова (21) од Струмица.
Таа настапи во суперфиналето со песната „Угаси ме“. Ангелова во последниот дуел за оваа сезона беше подобра од Драган Ѓуриќ од Добој и со тоа ја доби титулата новата „Гранд ѕвезда“.
Својата музичка кариера ја започна во шоуто „Неки нови клинци“, по неколку години си ја испроба среќата во „Ѕвездите на Гранд“ каде што триумфираше.
Младата струмичанка во финалето освои 88.367 гласови.
Таа на македонската јавност ѝ стана позната во 2019 година кога со „Љубовта не боли“ настапи на Макфест, освојувајќи ја наградата за најдобар дебитант.
Имено, овосезонскиот награден фонд е значително повреден од ланскиот, како што потврди и Поповиќ, a пренесува „Србија Данас“.
Првопласираниот што во случајот е Славица ќе биде награден од продукцијата „Гранд“ со песна и спот, како и со маркетиншка кампања, а ќе добие и автомобил Фиат Типо.