Тони живее на раб на сиромаштија: Кога гледам дека комшиите прават скара, јас ги терам моите две деца да влезат внатре
Четириесет и девет годишниот Тони Китанов од с. Пепелиште, неготинско, имал тешко детство, тешка младост, но и сега кога има свое семејство живее во тешки услови.
Живеe во стара камена куќа уште од времето на татко му. Скоро една година живее во куќата со две мали деца и мора да се бо ри за егзистенција на целото семејство.
– Моментално не работам никаде бидејќи имав пов реда на половината, од мали нозе сум со еден бубрег, со синуси имам проблем, со десното око не гледа од 1997ма наваму. Невестата исто не е вработена.
Се случува почесто да останеме без храна. Кога ги земаме парите за трето дете, има за првите десетина дена, потоа до крајот на месецот е лошо. Немаше вода, одвод, јас внесов одвод стара е куќата. Се гледа и покривот, објаснува Тони за Срце на дланка.
Во една соба спијат сите, раотите што ги имаат им се од хумани луѓе, од пријатели кои ја слушнале нивната приакзна и сакаат да им помогнат.
Тони е роден во Скопје но поради несогласување со родителите и скап живот во метрополата одлучил да се врати во родното место на мајка му, с.Криволак каде живее во куќа на тетка му.
– Се снаоѓав со работа, со земјоделие како аргат поевтин живот беше тука. Имав ситуации во зимните периоди и по една недела немав јадено. За мене не е проблем и 10 дена можам да издржам без јадење додека да се снајдам да заработам пари.
Желни се децата, гледаат на телевизија тато скам вакво млеко, сакам вакво чоколадо, нормално дете е си бара. Кога гледам дека комшиите прават скара, јас ги терам да влезат внатре, дете е не разбираат дека немам, вели Тони.
На Тони му е забрането да работи, а неговата сопруга Благица била отпуштена од работа. Ако не се најлоните кои ги ставаат на прозорците, студот ќе им влезе во коските.
Семејството Китанови бара помош за да ја реновира старата куќа и да застанат барем малку на свои нозе. Доколку сакате да му помогнете на ова семејство може да го направите на контакт телефонот Тони 070303792 и на жиро сметката: