Трагедија во кумановско: Брат си ја уби сестра си и нејзиниот син
Семејна расправија за имот заврши трагично во кумановското село Габреш. Две лица се убиени, а едно лице е повредено и е пренесено на лекување на скопските клиники поради сериозноста на повредите.
Починатите се мајка и син, повредениот е исто така син на починатата кумановка.
Како што објави полицијата, брат ја убил сестра си и нејзиниот син, и го повредил вториот. Причината за овој трагичен епилог се нерасчистените имтоно-правни односи, информираше СВР Куманово.
Шеесет и шестгодишен жител на селото пукал со огнено оружје кон неговата сестра и нејзините двајца синови, при што ја убил сестра си и едниот од нејзините синови, вториот, според податоците на полицијата, е пренесен прво во општа болница Куманово.
– Поради нерасчистени семејни односи денеска во 12:25 часот полициски службеници од СВР го лишиле од слобода Д.Ѓ. (66) затоа што во село Габреш, кумановско поради нерасчистени имотно правни односи пукал од огнено оружје кон неговата сестра Д.Р.(63), и нејзините синови Ж.Р.(36) и Т.Р.(38). Итна медицинска помош констатирала смрт кај Д.Р. и Т.Р., додека Ж.Р.со повреди е пренесен во Општа болница Куманово, информираше полицијата