(ФОТО) Македонската пејачка се пофали дека се поднови со чанта и чевли од 2000 евра од Долче и Габана
Тешкиот период и двете години поради вирусот кој ги спречи да настапуваат и воедно заработуваат веќе се зад музичарите.
Па така последнава година нашите најдобри пејачи и пејачи повеќе се надвор од Македонија, отколку во државата со настапи и турнеи.
А кога станува збор за настапи во странство кај нашата дијаспора и споменатите турнеи, тоа е плодна почва за заработка.
Особено за оние кои се надарени да заработат и убава сума на бакшиш, без разлика дали тоа биле долари, евра или денари.
Некои заработените пари ги реинвестираат во нови песни, некои пак во започнување бизниси или купување недвижнини, а други пак во гардероба. И тоа каква.
Еден од најпознатите брендови е Долче и Габана, италијанска индустриска луксузна модна куќа.
Нивната облека ја имаат носено многу познати личности како што се Мадона, Кајли Миног, Наоми Кемпбел, Жизел Биндшен, Џенифер Лопез, Моника Белучи, Пенелопе Круз, Анџелина Џоли и многу други.
А од недоамна и една македонска пејачка која реши да направи шопинг во Виена и тоа каков.
Таа на својот инстаграм профил сподели снимки и фотографии на кои се пофали како купува чевли и чанта од Долче и Габана кои беа заедно во вредност од околу 2000 евра.
Се прашувате за која пејачка станува збор. Тоа е згодната битолчанка Марија Луиса која важи и за несудената кралица на бакшишот.