(ФОТО) Муамеди од Скопје ја искина дипломата од Правен после она што се случи, па порач: Пичка Ви Матер
Како што е познато Владата до Собранието предложила измени на Кривичниот законик по скратена постапка со кои се предвидува намалување на затворските казни за злоупотребата на службената должност и овластувања кои денеска се на дневен ред на Комисијата за европски прашања.
Според предлогот се менуваат делови од членот 353 каде што службените лица, кои при злоупотреба на службената положба прибавиле значителна имотна корист или нанеле значителна штета, од досегашната казна од најмалку три години затвор, се предлага да се казни со затворска казна од една до четири години, со што се поставува горна граница и се отвора можност за побрзо застарување на делата.
Дополнително во предлогот го нема ставот 5 од членот 353 во кој се предвидува најмалку пет години затвор за злоупотреба на службената положба и овластување при јавни набавки или оштетување на Буџетот, јавните фондови или други средства на државата. Наместо тоа се предлага нов став со кој „прибавената имотна корист се одзема“.
Се предвидуваат и пониски казни за злосторничко здружување па наместо досегашните казни од една до десет години затвор се предлагаат од една до три години затворска казна за оној кој ќе создаде група или банда за вршење кривични дела. Дополнително, припадниците на ваквите злосторнички здруженија наместо досегашната казна затвор од шест месеци до пет години би добивале најмногу до две години затвор.
Во Предлог-законот доставен до Собранието стои дека тој е утврден на владината седница одржана на 29 август годинава. Во соопштението од Владата во врска со таа седница нема никаква информација околу предложените измени на Кривичниот законик.
Младиот Умејр Муамеди од Скопје се реши на драстичен потег и ја искина својата диплома од Правен факултет и се огласи на фејсбук:
После предложените измени на Кривичниот законик дефинитивно се срамам каде сум завршил Факултет. Оваа диплома повеќе не ми е битна. Пичка Ви Матер!