ФОТО: Од кога Љубица и Лејлја дошле да живеат во селото, популарноста на истото расте од ден на ден
Топли Дол е старо планинско село а од неодамна ја живее својата слава и препознатливост благодарение на двете магарици кои полека стануваат негов заштитен знак – Љубица и Лејла.
Тие беа подарок за селото од сопственикот на фармата за магариња, Сергеј Иванов. Се користат за јавање и дружење со децата.
Бројот на туристи во селото откако пристигнаа тие е значајно поголем, тие го живнаа селото на еден начин, а многумина викендот го поминуваат токму овде.
– Идејата да ги испорачам магарињата во селото беше моја. Сметам дека за развој на туризмот потребно е во селото да има што повеќе автентични работи.
А тоа покрај куќите и селската архитектура секако се и магариците, кој во последно време се доста ретки. Тие се доста питоми.
Децата ги учиме да јаваат, тие се сосема безо пасни и му даваат убава атмосфера на селото. Бидејќи не сум постојано во селото, набавив седла и опрема.
А туристите можат да го контактираат нашиот чувар Драган Голубовиќ Чита, кој може да изнајми магариња за пешачење и јавање.
Тој проект го нарековме Магарент. Сите приходи одат за подготовка на храна за овие две наши убавици – вели Цветовиќ, кој е организатор на сето ова.