(ФОТО) Сузана Турунџиева емотивно се присети: Точно 7 години од оној кобен ден, сеуште фали твојот поглед
July 29, 2023
Сузана Турунџиева важи за една од најпознатите македонски поп-пејачки, писателки и телевизиски водителки.
Таа е позната по својата харизма и добрина, а во последно време е доста активна и на социјалните мрежи каде секојдневно објавува по нешто.
Живот многу не ја мазеше Сузе, па таа загуби неколку сакани и блиски личности, меѓу кои нејзиниот сопруг Маријан и брат и Панде. Така, денеска по повод годишнина од смртта на сопругот Марјан сподели:
Времето лета точно 7 години од оној кобен ден.Останаа само спомените, фотографиите и нашите “корицаќиму” кои сега се големи девојки, веќе и мајки..
Почивај во мир наш Марјане – сеуште фали твојот поглед, насмевка, твојот парфем и хуморот со кој ни го разведруваше секој ден…