(ФОТО) Татјана Лазаревска денес слави роденден – никој не би и ги дал годините кои што ги има
Татјана Лазаревска со сопругот Новица во моментов важат за едни од најпознатите Македонци кои живеат и работат во Австралија.
Како што е познато тие со синовите Стефан и Петар живее во Мелбурн, Австралија веќе шест години откако решија да ја напуштат Македонија.
Фолк-пејачите имаат изјавено дека од Македонија си заминале затоа што во Австралија заработката е поголема, а настапите секако им биле во дијаспората.
За Новица, Татјана често знае да изјави дека тој најмногу ја разбира и е нејзината најголема поддршка.
Со многу труд и посветеност, фолк-двојката успеа да дојде до свој дом во Австралија откако тие купија куќа во Мелбурн пред неколку години.
Речиси да нема викенд, а тие двајцата да не се ангажирани на музички план, односно да имаат настап.
Денес е посебен ден во семејството на овие музички сопружници, а причината е понежната половина.
Имено Татјана слави роденен и полни 48 години, а на фејсбук покажа со каква торта, со нејзиниот лик и притоа напиша: Денес е мој ден, денес ми е роденден.