(ФОТО)Трифун Костовски се пофали: Го допрев рајот на земјата, па доби критики – крајно безобрзно, срам да ти е
Трифун Костовски познатиот македонски бизнисмен и своевремено градоначалник на Скопје како што е познато е доста активен на социјалните мрежи.
Како и многумина луѓе, така и Трифун овие жешки летни денови ги користи да ги помине покрај вода, на плажа.
Изминатиот период според објавите на социјалните мрежи Костовски и тоа како убаво си поминал, а и богами добро прошетал.
Италија, Малта, Грција се само дел од државите кои ова лето ги имаше на агендата.
Пред некој ден објави на својот фејсбук профил фотографија како ужива на брод со чашка алкохол во раката и притоа напиша: Го допрев рајот на земјата
Извесен Васко Белески под објавата и фотографијата му коментираше:
Секој може да си прави за своите пари што сака, но сепак од почит кон оние на коиним должиш пари , крајно безобразно е да постираш слики на безгрижен дечко, додека некои неможат да везат крај со крај срам да ти е.