Бугарскиот голман контра македонското МНР: Не би рекол дека атмосферата на стадионот беше непријатна
Министерството за надворешни на Македонија утрово излезе со реакција до јавноста која во продолжение ви ја пренеусваме во целост:
Министерството за надворешни работи упатува јавна реакција и ос уда за вчерашниот израз на говорот на ом раза што можеше да забележи во текот на фудбалскиот натпревар меѓу репрезентациите на Северна Македонија и Бугарија.
Спортските настани претставуваат највисокиот израз на принципите на фер однос, меѓусебна почит и натпревар во спортски дух. Зл оупотребата на овие настани за ширење на ом раза и нетрпеливост претставуваат суштинска спротивност на нивната основна замисла.
Северна Македонија и Бугарија и во иднина ќе продолжат активно да работат на унапредување на меѓусебните односи, како земји сојузнички во НАТО, идни партнери во Европската Унија, и пред сѐ, добри соседи.
Но од спротивниот табор пристигна изјава, дадена веднаш по синоќешниот меч и тоа од директен актер на теренот.
Репрезентативниот голман на Бугарија, Даниел Наумов беше задоволен од атмосферата на натпреварот со Македонија. Домашните навивачи ги исвиркаа гостите, но тие покажаа карактер и го добија мечот во Скопје, победувајќи со 1-0.
„Не би рекол дека атмосферата беше непријатна. На стадионот имаше доста луѓе. Нормално, тие го поддржаа својот тим. Мислам дека и за нас беше добро што имаше толку многу луѓе и успеавме да прикажеме добра игра и да победиме“, изјави Наумов.
„Не треба да одиме во крајности. Тоа беше само уште еден натпревар. Дадовме се од себе и со нетрпение ги очекуваме следните натпревари. Не можев да разберам што скандираат навивачите“, додаде тој.