Во еден миг го изгубила и домот и сопругот: Индира од Катланово со три дечиња сега е на улица
Индира Пасинечка од Катланово ќе биде принудена да биде жена бор ец. Долги години се бо ри за љубовта со нејзининиот сакан Жарко поради различната вера меѓу двајцата.
А кога докажува дека љубовта е најсилна, им се раѓаат три деца кои уште повеќе ќе ја зајакнат нивната љубов. Многу слога, радост, смеа и разбирање ќе ги бојат деновите на ова среќно семејство.
Но, очигледно дека Господ ќе одлучи да даде понаков тек на нивните животи. Па, на 23 октомври оваа година, додека Индира е на работа и ништо не насетува, пламен ќе изго ри се што е вредно за неа.
И го брише животот, и ја брише куќата, и го го ри најмилиот за на крај да и ја изго ри и душата. Една недела после не среќата Индира засекогаш го губи сопругот Жарко.
Куќата е изго рена до темел. Да може да го врати вели таа, би спиела и под отворено небо. Но, децата се мали, па, мора за нив да најде некакво решение зашто во моментов е сместена кај роднина.
Денес, таа не е ни свесна како ќе продолжи понатаму да живее без него. Единствен спас е да им се помогне да изградат скромен кров.
Со цел за да не бидат терет никому и полека да се надеваат дека времето ќе ги залечи нивните ра ни во срцето и ќе ја видат светлината на денот.
– Со сопругот бевме неразделни, цели 25 години. Во оваа куќа ги имав најубавите години, но мометално ги живеам најтешките.
– Обидувајќи се да спаси нешто од куќата, тој како последица на вдишаната чад замина во вечност, морам да продолжам поради децата, вели Индира пред камерите на ,,Срце на дланка”
– Јас бев на работа втора смена тој ден, се слушнавме со Жарко а тој ми ќажа дека ќе легне да одмори, овде биле и децата.
– Ми јавија дека куќата го ри, замислете соседите не сакале да дадат црево за да се изгасне куќата а и да го спасат сопругот, вели Индира.
– Дојдов овде и не знам што попрво да гледам дали него да ли куќата, незнаев каде се наоѓам, а и ден денес не знам каде се наоѓам.
Ова семејство живее кај роднини, но од по жарот останаа и без глава на куќата и без куќата, во голема сиромшатија и та га.
– Жарко беше голема потпора, не знам како ќе се продолжи сега, кај роднини сме но не сакам да пречиме, и тие се четири члено семејство, ги терам децата да станеме порано за да не пречиме и одиме седиме во двор, вели низ солзи Индира.
Индира посакува да има покрив над глава, барем две собички да има каде да преспие со децата, да можат да застанат на нози.
Доколку сакате да му помогнете на ова ожалостено семејство тоа може да го сторите на телефонскиот број 075 304 405 или трансакциската сметка 2707000684767.11 Индира Пасинечка.