Земјоделци струмчко
Панови од струмичко Моноспитово го собираа родот од засеаните феферони. Јосе со неговиот внук и на температури над 30 степени беа на нива.
Ја довршуваа бербата сами оти како што велат не се исплаќа да ангажираат аргати. Тврди дека годинава имало род но и добра цена но но ги нема површините со феферони како што било своевремено. Земјоделство веќе никој не сака а камоли да одгледува феферони.
Годинава откупната цена на фефероните е 40 денари. Од конзервно преработувачктие капацитети велаат дека драстично е намалено производството на овие лути пиперки во струмичко.
Проблемот со несигурниот пласман и ниските откупни цени резултираше по струмичките ниви да има се помалку млади кои заминвуаат во странство. Ранчо Витанов вели дека работат во загуба па по неговите деца и тој планира да замине во странство.
Според анализите една третина од струмичко поле е обраснато во трева. Заради немање млади и работна рака нивите стануваат угари. Постарите садат за сопствени потреби а производството на зеленчук од година во година се намалува.