(ФОТО) Пристигнаа бугарски навивачи во Скопје – веднаш позираа пред еден споменик во центарот
Фудбалската федерација на Македонија ги повикува навивачите кои ќе ја бодрат македонската А репрезентација на утрешниот натпревар против Бугарија на Националната арена „Тодор Проески“, како и до сега, да им бидат поддршка на нашите фудбалери во текот на мечот.
Ги повикуваме сите љубители на фудбалот и поддржувачи на македонската репрезентација со фер и коректно навивање да им помогнат на „Рисовите“ да дојдат до победа на последниот натпревар од групата во Лига на нации.
Воедно испрати информација до сите кои ќе го следат натпреварот на Националната арена „Тодор Проески“ дека влезовите на нашиот најголем стадион ќе бидат отворени од 18:45 часот до 20:30 часот.
Вечерва фудбалската репрезентација на Македонија го игра мечот против Бугарија во рамките на Лигата на нацииите, па иако овој меч од резултатски аспект нема некое големо значење, сепак е интересен од друг аспект.
На сите ни се добро познати македонско-бугарските односи, па затоа овој дуел е не само спортски, тука и нешто повеќе.
Од страна на источните соседи најавено е поддршка од нивни фанови, а веќе бугарски навивачи започнаа да пристигнат и се виден во центарот на Скопје.
Една група навивачи од Берое ноќва се фотографирале пред споменикот на Гоце Делчев на плоштадот Македонија во Скопје.