Беше посочен како еден од напаѓачите во М-НАВ, а сега се огласи: Слепата омраза кон Албанците ги надмина сите граници
Омер Буњако, добро познато лице на јавноста се спомнуваше како еден од напаѓачите во М-НАВ.
Актуелниот спортски директор на косовскиот фудбалски клуб Балкани се огласи на својот фејсбук профил каде напиша
-Ловот на вештерки од страна на македонските медиуми и слепата омраза кон Албанците ги надмина сите граници.
Еднаквоста не може да ја запре ниту една хистерична медиумска и политичка кампања, ниту пак континуираните лаги како оваа дека сум учествувал во вербалниот конфликт меѓу долгогодишни колеги и роднини во кујнските простори на МНав според полицискиот извештај од дојавата и изјавата на нивна колешка.
Ниту работам во МНав, ниту некогаш сум бил во тие простори и барам од медиумите и новинарите кои безсрамно лажат да се извинат за овие тенденциозни лсги и клевети против мене.