Богдан ја бранел татковината, денес е заборавен од сите и живее без струја, храна
Богдан Комненовиќ (60) живее во село на границата со Косово, на два километри од границата, во селото Матарова, воедно е и последен жител.
Живее целосно сам, сиромашен и без лекови, а тешко е бо лен од неколку придружни бо лести. На сета негова ситуација, му била исклучена и струјата.
Своедвидно Богдан е заборавен херој од државата, имено тој учествувал во сите акции за одбрана на неговата татковина.
За неговата состојба дозна и хуманитарецот Дејан Марковиќ, кој веднаш се упати кон неговата трошна куќа и го посети овој осамен човек.
Зборот куќа е сувишен за овој човек, ова е куќарка која дува од сите страни, а ноќите тој ги поминува смрзнувачки и со голема та га.
– Го посетив, живее сосема сам во селото. Струјата му е исклучена, но инаку има телевизор и две сијалички, така живее – ја започнува својата приказна Дејан за Телеграф.рс.
– Го најдов како седи без струја, храна и лекови. Има долг за струја од 30.000 динари, поради што му ја исклучиле струјата.
– Неговите први соседи се оддалечени три километри, па немал како никого да повика, а бидејќи има проблеми со срцето и нозете, не смеел ни да оди никаде, бидејќи се пла ши да не падне. Многу тежок живот – раскажува Дејан.
Богдан живее сам, нема родители, жена и деца и нема приходи: Старата трошна куќарка е пријатен дом, а не толку топол бидејќи нема дрва за зима.
Има малку дрва, кои сам ги носел на грбот во текот на летото. Инаку, да напоменам, тој нема приходи. Ги молам сите луѓе кои се во можност, да помогнат за заедно да му помогнеме на овој човек – вели Дејан.