Бранка од Кочани: Сопругот и едниот син ми починаа, другиот син заврши во Негорци, молам ако може некој барем телевизор да ми даде за да имам друштво
Бранка Терџуманова има несреќен осамен живот. Несреќата и започнува уште со влегување во брак и создавање на семејството, кога после шест месеци и двете деца пордаи висока температура ќе и се разболат и ќе станат деца со пречки во развојот. Барем едното од нив да ми беше здраво ќе рече оваа напатена жена, која најголемиот удар за една мајка го доживува кога го губи помалиот син кој се удавил во реката. Толку многу го исплакав вели таа што веќе ни солзи немам ми пресушија –додава Бранка за најголемата трагедија во нејзиниот живот.
Поголемиот син Никола бил многу агресивен и постојано ја удирал и кршел се по дома, па по смртта и на сопругот Борче, таа била принудена д го пријави во специјална установа зашто од него и бил загрозен и животот. Денес Никола и покрај тоа што Бранка пати без него, е во Негорци и под постојан надзор на стручни служби.
Денот на оваа тажна жена и минува осамено. Станот е со остатоци од искршен мебел, а за него сеуште плаќа и месечен кредит, а минималните средства од пензијата не и стигнуваат за многуте дијагнози што ги има и за сметките. Иако, ќе рече дека најмногу ја боли осаменоста, дефинитивно на оваа жена би и се олеснило ако некој и помогне да ги направи искршените стакла од прозорците, да земе нов кревет и телевизор зашто тој е единствениот уред што и прави друштво за да не го изгуби паметот-ќе каже Бранка.
Бранка има 71 година, но освен детството остатокот од животот би го опишала како несреќен. Иако, со сопругот Борче имала убави планови, сепак нема да има среќа со потомството па двете деца и Никола и Апостол ќе бидат деца со пречки во развојот. Тешки години ќе следуваат во животот на оваа жена додека ги школува и воспитува тие деца.
Еден ден за жал до неа стигнува и најтешката вест, а тоа е дека синот Апостол е пронајден удавен во некој канал во градот. Оттогаш животот и продолжува по гробишта, го погребува братот, па сопругот, а поголемиот син поради неговата агресија мора да го сместо во Негорци. Па, ќе рече и солзите од плачење ми пресушија, немам веќе сила за да си ја исплачам судбината.
-Бев млада и имав убав живот кај моите родители-ќе ја започне својата животна сторија Бранка. Преку еден пријател се запознав со сопругот и започнавме со убави планови да го градиме заедничкиот живот во стан кој го купивме под кредит. Ни се родија и две деца, но, по висока температура и двете ми се разболеа и не беа добри воопшто. Барем едното да ми беше здраво ќе каже оваа кутра жена. А, дај боже никогаш и да не ја почувствував болката на мајка по изгубено чедо.
Дојде полицијат еден ден и ми кажа дека син ми Апостол го нашле удавен во реката. Веќе солзи немам за плачење, ми пресушија од жал по него-додава тетка Бранка. После неколку години почина и брат ми, и сопругот, а поголемиот син Никола стана толку агресивен што секојдневно ме тепаше и кршеше се по дома. Еве и креветот е искршен, и телевизорот и вратите. Барем да имам нов телевизор за да гледам серии каде семејствата се заедно и среќни и да мечтаам дека тоа можеше да се случи и во мојот живот.
Денес оваа жена ќе рече најтешка и е осаменоста. Во искршените остатоци од станот под кирија се само спомените од младоста и џагорот кој некогаш ја полнел оваа куќа. Бранка зема минимална пензија со која купува едно ќесе лекови и плаа достасани обврски. За храна ќе каже таа често не останува па мора да јаде сув леб и толчена сол за да преживее. Понекогаш и некои добри емпатични соседи се сожалуваат над нејзината несреќа и и подаваат храна за да преживее. На крајот ќе замоли, спас за мојата судбина и осаменост нема, но, се замолувам само некој да ми ги смени прозорците кои син ми ги искрши и да ми подари нов кревет и телевизор зашто единствено тој уред по цел ден ми прави друштво за да го задржам паметот во глава –ќе заврши Бранка за „Срце на Дланка“.
Постојат ненапишани зборови кои само душата може да ги слушне. Сигурно ова е само мал дел од тежината на оваа жена што како планина ја носи во своето срце. Другиот дел веројатно го чува некаде длабоко и тоа и е причина за до го помине секој ден. Сама повеќе таа нема сила за да се усреќи. Но, ако ние во животот усреќиме макар една личност, тогаш може да кажеме дека нашиот живот има смисла. Можеби шансата за тоа е ако ја усреќиме оваа несреќна жена која бара толку малку за да најде смисла да го продолжи животот.
Доколку сакате да и помогнете на Бранка тоа можете да го направите на телефонскиот број 079276864 или на нејзината трансакциска сметка 250500017477061