Венко Филипче навистина „тежи“ -вози мотор од 25.000 евра, има станови од по 200.000 евра и фирма во Бугарија
Еден од главните фаворити за нов лидер на СДСМ е Венко Филипче, поранешниот министер за здравство.
Тој по две и пол години повторно има државна функција, овој пат како пратеник во Собранието, по што го објави новиот анкетен лист во Државната комисија за спречување на корупција.
Филипче од недвижниот имот пријавил шест стана, од кои пет во Карпош и еден во Центар. Во претходниот анкетен лист имаше два стана и една куќа како лична и заедничка сопственост.
Три стана во Карпош вредат по 200.000 евра и тие би биле најскапите. Од оваа година Филипче има ново возило „индиан пурсуит“ во вредност од 25.000 евра.
Тој има 215 акции во Макстил, 55 во Стопанска банка и 40 во Гранит, но и удел во Макпетрол. Вредноста не е пријавена. Филипче има и регистрирана фирма под назив Poweri8 во Бугарија.