(ВИДЕО) Се појави снимка – еве го моментот кога навивачите на Левски тргнаа да је тепат македонската полиција

МВР соопшти дека се приведени 19 навивачи од Бугарија. Од нив, осум за насилство на спортски натпревар, две лица за физички напад на полициски службеници, а девет поради агресивно однесување кон нив.

По документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. Околу полноќ полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода и двајца навивачи на навивачката група на ФК Шкупи, кои го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка. И тие ќе се соочат со законски предвидените поднесоци“, велат од МВР.

Претходно, од СВР Скопје информираа дека на ул „Цветан Димов биле нападнати четири бугарски државјани, од кои еден бил повреден со нож и пренесен во градската болница во Скопје, каде му биле констатирани тешки телесни повреди, но лицето е во стабилна состојба.

Синоќа на Националната арена во Скопје, бугарските навивачи се судрија со македонската полиција, а претходно во текот на денот во Чаир биле каменувани два автомобили со бугарски натпреварувачи.

На социјалните мрежи се појави моментот кога бугарските навивачи тргнаа кон македонската полиција и ја нападнаа.