Гавазова во тага и неверување: Настапуваме пред некој ден заедно на свадба, го видов како плаче

Сузана Гавазова со голема тага се оглсси пред неколку моменти на социјалните мрежи:

Илјми Мустафов,синот од нашата легенда и крал на саксафон Ферус Мустафов почина синоќе.

Си замина толку брзо, толку ненадејно и зад себе остави опустошени срца,болка и тага.

Настапувавме заедно на свадба во Дебар пред некој ден со Огнени момчиња и Илјми..беше се нормално,никој не се посомнева дека такво нешто може да се слчи.

Само во еден момент видов како Илјми плаче,но искоментиравме со колегите дека плаче поради раната смрт на неговиот татко,но ти Илјми си замина прерано.

Ќе ни недостигаш многу. Почивај во мир пријателе