Двајца тетовци останале и без пари и без бугарски пасош: Кочанчанка ги измамила
December 27, 2023
Tриесет и осумгодишниот тетовец, вчера, во 14.10 часот, во СВР Тетово пријавил дека минатата година стапил во контакт со женско лице од Кочани.
Истото му ветило дека за одреден паричен надоместок ќе му обезбеди бугарски документи, извести СВР Тетово.
„До пријавувањето лицето не му ги обезбедило документите, ниту му ги вратило добиените 29.300 денари. Истото лице, поради сомнение за иста измама, вчера било пријавено и од 36-годишен жител на тетовско Глоѓи, кој за таа цел ѝ платил 25.800 денари“, соопшти СВР Тетово.
Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случаите.