Од овој Македонски град нема автобуска линија до Скопје, но затоа има до Италија, Швајцарија и Германија

Две години, ниту еден автобус од Делчево кон Штип или Скопје ниту тргнува ниту се враќа во автобуската станица.

Оследната општина од источниот регион е автобуски целосно изолирана од остатокот на Државата, што болните од оваа општина ги става на уште поголеми маки.

Секое лекување надвор од Делчво кое им е неопходно на голем број овдешни жители, тие го дожиуваат траума тично но и го плаќаат прескапо.

Најтешко им е на болните од кар цином, кои заедно со уште тројца други сопатници секојдневно треба да патуваат за Скопје на зрачење. Ако сакаат да патуваат сами во возилото, тогаш треба да издвојат 4500 денари само за едно патување.

Возилото на Итната помош од Делчево може да се користи само во исклучителни ситуации.

Возилото на Итна Помош се користи за пренос на пациент само кога се работи за животно загрозувачка состојба на некој пациент. Во спротивно се наплаќа партиципација по километар, а доколку е по барање на пациент, цената може да достигне и до 7.000 денари, информираат од Здравствениот дом – Делчево.

Од овие причини , тамошите граѓани, бараат итно возобновување на автобуските линии.

На релација Делчево – Кочани – Штип – Скопје и обратно редовна автобуска линија нема веќе две години. Лиценцираниот превозник не врши превоз, но дозволата се уште му е активна, така што не може да се даде на друг транспортер.

Додека ситуацијата да се разреши, автобуската станица ќе стои празна, а граѓаните ќе плаќаат скапо такси. И додека патувањето до Штип, Кочани или Скопје е тешко, од Делчево, има редовни автобуски линии кон Италија, Швајцарија и Германија

Целата сторија со видео прилог може да ја проследите на Тв Стар.