Две готвачки се затруле со плин во кујна – итно пренесен на клиника во Скопје

Две жени на 52 годишна возраст се затруле од плин во кујна. Жените се во добра здравствена состојба, но се препратени на комплексот клиники Мајка Тереза во Скопје, пренесува Мнет телевизија.

Како што велат од штипската клиничка болница, жените се со стабилни витални параметри.

„Две жени на 52 годишна возраст со возило на ИПМ се донесени во Клиничка болница Штип, со претходно труење со плин од плинска боца.

Пациентите се прегледани во Дежурна амбуланта и примени на Оддел за интезивна нега. Со стабилни витални параметри и по претходнен договор, а во придружба на доктор и медицинска сестра упатени се на Клиника за токсикологија при Клинички центар Мајка Тереза во Скопје“ – соопштија од болницата.

Случајот го потврдија и од СВР Штип. Кај нив пријавата пристигнала од страна на брзата помош, ама увидот е се уште во тек и подетални информации истакнаа дека ќе има во текот на денот.